Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини во рамки на спроведување на Програма за заштита на ранливи потрошувачи преку купување и вградување на инвертер клима уреди во домаќинствата, ранливи потрошувачи на енергија како претходна проверка на пазарот објави Технички дијалог на веб страната на биро за јавни набавки.
Се покануваат сите заинтересирани економски оператори слободно да учествуваат во техничкиот дијалог со свои предлози и коментари се со цел подобрување на техничката спецификација и тендерската документација. Самото учество на економските оператори во техничкиот дијалог не се смета за учество во изработка на тендерската документација што значи дека секој економски оператор што ќе учествува при дефинирање на техничката спецификација и тендерската документација може слободно да учествува во постапката за доделување на договор за јавна набавка која ќе се објави по завршување на техничкиот дијалог.