Изјава за пристапност

Со донесување на Законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавен сектор (објавен во службен весник бр.198 на 18.10.2025), по Член 6, секоја институција треба да објави страна за Изјава за пристапност кои детали од членот/те се дадени подолу.

 

Општи услови за пристапноста на веб-страниците и мобилните апликации

Член 5 

(1) За да обезбедат пристапност на веб-страниците и мобилните апликации, институциите од јавниот сектор се должни да ги исполнат следниве општи услови: - содржината на веб-страниците и мобилните апли- кации да може да се согледа и разбере преку најмалку две различни сетила (на пример, вид и/или слух), не за- висејќи исклучиво од едно сетило; - сите интерактивни елементи на веб-страниците и мобилните апликации да се употребливи без разлика на начинот на користење (вклучително и со тастатура, гла- совна контрола или асистивни уреди); - функцијата и значењето на интерактивните елемен- ти да се јасни, предвидливи и доследни и - целата содржина на веб-страниците и мобилните апликации да е технички издржана и веродостојно ин- терпретирана од различни кориснички програми, вклу- чително и асистивни технологии, така што истата е вос- приемлива, оперативна, разбирлива и робусна. (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, училиш- тата, градинките и центри за ран детски развој не се должни да ги исполнат општите услови од ставот (1) на овој член, освен кога истите се неопходни за спроведу- вање на воспитно-образовниот процес. (3) Начинот на обезбедување на пристапноста на веб-страниците и мобилните апликации, како и посеб- ните услови за пристапност на веб-страниците и мобил- ните апликации на институциите од јавниот сектор, ги пропишува министерот за дигитална трансформација.

 

Изјава за пристапност

Член 6

(1) Институцијата од јавниот сектор е должна да из- готви изјава за пристапност на нејзината веб-страница и мобилна апликација и истата да ја објави на нејзината веб-страница, во рок од 10 дена од денот на пуштање во употреба на веб-страницата и мобилната апликација. (2) Изјавата од ставот (1) на овој член, се ажурира најмалку еднаш годишно во рок од 10 дена од денот на настанатите значајни промени на веб-страницата или мобилната апликација што можат да влијаат врз нивото на пристапност, при што истата треба да биде јасна, де- тална и сеопфатна. (3) Изјавата за пристапност од ставот (1) на овој член треба да содржи: - објаснување за делови од веб-страницата и мобил- ната апликација за содржините кои не се пристапни, причините за непристапноста и можноста за обезбеду- вање пристапни алтернативи соодветни на видот на оп- штите услови за пристапност на веб-страниците и мо- билните апликации од членот 5 став (1) од овој закон кои не се исполнети, - опис и линк на веб-страниците и мобилните апли- кации за корисниците да дадат повратни информации што му овозможува на секое лице да ја извести соодвет- ната институција од јавниот сектор за неисполнувањето на општите услови од членот 5 став (1) до овој закон, како и информации за содржините кои се изземени од усогласување со општите услови од членот 5 став (1) од овој закон за пристапност на веб-страниците и мобил- ните апликации, поради исклучокот од членот 3 став (3) од овој закон, како и непропорционално оптоварување согласно со член 7 од овој закон и - линк до веб-страницата на Министерството за ди- гитална трансформација пред кое може да се започне постапка во случај кога корисникот смета дека веб-стра- ниците и/или мобилните апликации на институцијата од јавниот сектор не се пристапни согласно со овој закон. (4) Изјавата за пристапност на веб-страниците и мо- билните апликации мора да биде во пристапен формат. (5) Формата и содржината на изјавата за пристап- ност од ставот (1) на овој член ја пропишува министерот за дигитална трансформација.

 

Законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавен сектор - ПРЕВЗЕМИ

 

Контакт до Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Контакт до Министерство за дигитална трансформација 

Мени за пристапност