Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија, г. Барнабас Биркланд, како и со економскиот советник во Амбасадата, г. Јордан Дамчевски.

 

Целта на средбата беше меѓусебното запознавање и иницирање на разговори за можни облици на продлабочување и унапредување на економската соработка. Во фокусот на дискусијата беа заеднички иницијативи, инвестициони можности, како и продолжување на економската поддршка и партнерство.

 

Министерката Божиновска го потенцира значењето од партнерството со САД преку дипломатскиот економски канал и подвлече:

 

„   Ја цениме континуираната економска поддршка од Амбасадата и сме посветени на зајакнување на соработката која може да донесе конкретни резултати за развојот на македонскиот енергетски и рударски сектор.“

 

На средбата министерката информираше и за 14-тиот Интернационален форум за енергија за одржлив развој (14-ИФЕСД), којшто во организација на Министерството за енергетика ќе се одржи од 28-30 октомври 2025 година во Скопје, Република Северна Македонија, каде учество ќе земат релевантни говорници на високо ниво, што ќе ја зголеми значајноста и ефектот од форумот.

 

Божиновска и Биркланд се согласија дека е важно и во иднина да се развиваат координирани активности, вклучително меѓусебна размена на информации, анализа на потенцијали и поддршка со цел стимулација на економскиот развој на секторот.

                                                                                                                                                                                                                                                                                                         Со почит,
Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Мени за пристапност