ПОТСЕТУВАЊЕ: РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА РАКУВАЧ НА ЕНЕРГЕТСКИ УРЕДИ И ПОСТРОЈКИ ИСТЕКУВА НА 16 НОЕМВРИ 2026 ГОДИНА ВО 15:30 ЧАСОТ

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите заинтересирани кандидати дека рокот за пријавување за полагање на стручен испит за ракувач на енергетски уреди и постројки за декемвриската испитна сесија истекува на 16 ноември 2026 година (понеделник) во 15:30 часот.
 
Ги повикуваме кандидатите кои сѐ уште не поднеле пријава да го сторат тоа најдоцна до истекот на наведениот рок.
Пријавата за полагање на стручниот испит, заедно со целокупната потребна документација, се доставува:
  • лично преку Архивата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, на адреса ул. „Македонија“ бр. 27, 1000 Скопје, или
  • по пошта на адреса: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини ул. „Македонија“ бр. 27, 1000 Скопје
со назнака: „Пријава за полагање на стручен испит за ракувач на енергетски уреди и постројки“ – со задолжително наведено за кој вид на испит се однесува пријавата, односно да биде наведена конкретната категорија на стручен испит за која кандидатот се пријавува.
Ги потсетуваме кандидатите дека пријавата мора да биде придружена со целокупната документација со која се докажува исполнувањето на условите за полагање на испитот.
 
Обрасците за пријавување, листата на потребни документи и дополнителните информации во врска со постапката се достапни на следниот линк:
 
Кандидатите чии пријави се некомплетни или се доставени по истекот на утврдениот рок нема да го остварат правото на полагање во декемвриската испитна сесија.
 
 
Со почит,
Министерство за енергетика, рудратсво и минерални суровини.

Мени за пристапност