Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги известува заинтересираните кандидати дека право на полагање на стручен испит за ракувач на одделни видови енергетски уреди и постројки имаат лицата кои ги исполнуваат условите за соодветниот вид испит утврдени со член 263 од Законот за енергетика.
Стручниот испит се полага согласно Програмата за стручен испит за ракувач на енергетски уреди и постројки, утврдена со Правилникот за програмата за стручниот испит за ракувач на енергетски уреди и постројки, начинот на бодирање на писмениот и усниот дел од испитот, начинот на изработување и ревидирање на прашањата од испитот, начинот на користење на електронскиот систем за полагање на писмениот дел од испитот, техничките услови за просторијата во која се полага писмениот дел од испитот, условите за прекин и продолжување на полагањето на испитот, содржината, начинот и рокот на изработка на записникот и извештајот од полагање на испитот, формата и содржината на уверението за положен испит и содржината и начинот на водење на евиденцијата за спроведени испити, како и роковите за нивно чување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 228/2025).
Поднесување на пријавите
Кандидатите пријавата за полагање на стручен испит (ОБРАЗЕЦ ПРИЈАВА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ), заедно со целокупната потребна документација, можат да ја достават:
- лично во архивата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, ул. „Македонија“ бр. 27, 1000 Скопје од 7:30 до 15:30 часот; или
- по пошта на адреса:
Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини
ул. „Македонија“ бр. 27
1000 Скопје
со назнака: „Пријава за полагање на стручен испит за ракувач на енергетски уреди и постројки“.
Пријавите за учество во декемвриската испитна сесија се поднесуваат во периодот од 2 до 16 ноември 2026 година, согласно член 263 од Законот за енергетика.
Кон пријавата за полагање на стручен испит кандидатот треба да приложи документација со која се докажува исполнувањето на условите за соодветниот вид испит, и тоа:
- доказ за завршено образование, односно диплома, свидетелство или друг соодветен доказ за стекнатото ниво и вид на образование/квалификација, оригинал или копија заверена на нотар;
- потврда од работодавач за работа под надзор во оригинална форма, со која се докажува исполнувањето на условот за потребното работно искуство за конкретниот вид енергетски уред или постројка (ОБРАЗЕЦ ПОТВРДА ОД РАБОТОДАВАЧ);
- доказ за уплатен надоместок за полагање на стручниот испит во износ од 6.500,00 денари (урнек за уплатен надоместок за полагање на стручниот испит во износ од 6.500,00 денари);
- копија од важечка лична карта.
Некомплетните пријави, како и пријавите доставени по истекот на пропишаниот рок, нема да бидат разгледувани.
Со почит,
Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини