Претставници од министерството за енергетика, рударство и минерални суровини остварија посета на Рударско-геолошки - нафтен факултет, Универзитет во Загреб и  Геолошкиот институт на Хрватска.
Целта на посетата, остварување на стратешка соработка во областа на геологијата, рударството и енергетиката, со фокус на геотермалната енергија и усогласување на националните стратегии и закони со европските регулативи.
Теми на разговор:
- Усогласување на македонското законодавство со регулативите на Европската Унија во областа на минерални суровини
- Стратегија 2025–2045: усогласување со европските стратегии за минерални суровини
- Размена на искуства во рударството, вклучувајќи технолошки решенија, еколошки аспекти и управување со ресурси
- Потенцијалот за развој на геотермална енергија во Македонија
- Размена на релевантна документација и научни трудови
Посетата претставува значаен чекор кон зајакнување на регионалната соработка во областа на геонауките и рударството. Идентификувани се конкретни можности за заеднички проекти, особено во контекст на енергетската транзиција и одржливото управување со минерални ресурси.