Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа обука за менаџмент, наменета за јакнење на капацитетите и професионалниот развој на вработените – можност за стекнување нови знаења и алатки за поефикасна работа.
Обуката ја водеше г-дин Борко Хаџиски, експерт со долгогодишно искуство во областа на менаџментот и стратегиското лидерство.
Во знак на признание за неговиот придонес, на г-дин Хаџиски му беше врачена благодарница од страна на министерката Сања Божиновска, со која се нагласува значењето на оваа обука за развојот на тимот и институцијата.
Ваквите вложувања во луѓето се најсилната гаранција за современа и ефикасна администрација.