Новиот Закон за енергетика објавен во „Службен весник“ – започнува официјалната примена

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека новиот Закон за енергетика е објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“, со што по предвидениот рок од денот на објавувањето и официјално започнува неговата примена.

Овој системски, реформски и европски усогласен закон беше изгласан во Собранието со силна поддршка, претставувајќи нов темел на енергетската политика во земјата – закон со кој темелно се регулира овој сектор и кој нуди визија за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина.

Новиот Закон за енергетика е резултат на посветената работа на домашни експерти од Министерството. Донесен преку инклузивен процес што ги вклучи сите релевантни чинители – институции, експерти, оператори, бизнис-секторот, регулаторното тело и граѓански организации. Со имплементацијата на новиот закон, Македонија добива јасна и стабилна рамка за:

  • значајно зголемување на уделот на обновливи извори во финалната потрошувачка,
  • повисока енергетска ефикасност и намалување на загубите,
  • отворен пазар и активно учество на граѓаните како производители и потрошувачи на енергија,
  • заштита на ранливите категории и намалување на енергетската сиромаштија,
  • предвидлив амбиент за домашни и странски инвестиции во нови енергетски капацитети.

Законот доби поддршка и од Секретаријатот на Енергетската заедница, што е силна потврда за посветеноста на нашата држава кон европските енергетски стандарди и интеграција во заедничкиот пазар на ЕУ.

Официјалната примена на законот претставува почеток на конкретни активности за дигитализација, модернизација и зелена трансформација на енергетскиот сектор, во насока на еколошка, економска и социјална одржливост.

Министерството ќе продолжи со координирана и одговорна имплементација на сите одредби, со јасна цел: да се обезбеди стабилна, чиста и достапна енергија за сите граѓани и за стопанството.

Со овој закон, Македонија прави важен чекор напред – кон енергетска безбедност, зелен раст и европска иднина.

 

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

 

Мени за пристапност