Лабудовиќ на одбележувањето на почетокот на проектот - Ревитализација Фаза 3: Модернизација на хидроелектраните за поголемо домашно производство

Лабудовиќ на одбележувањето на почетокот на проектот - Ревитализација Фаза 3: Модернизација на хидроелектраните за поголемо домашно производство

Заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ присуствуваше на настанот со кој беше означен почетокот на реализацијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“.

Почетокот на проектот, вреден околу 46 милиони евра, беше одбележан со отворање на изложбата „Моќта на водата ја претвораме во енергија“ во Музејот на Град Скопје, со фотографии, експонати и видеоматеријали од архивата на АД ЕСМ.

Проектот, кој ќе се реализира во период од околу три години, опфаќа модернизација на хидроелектраните Вруток, Врбен, Равен, Тиквеш, Шпилје и Глобочица, со што се очекува зголемување на инсталираниот капацитет за дополнителни 13,5 MW и зголемување на годишното производство за околу 50 GWh чиста електрична енергија.

Ревитализацијата ќе придонесе за продолжување на работниот век на хидроелектраните, намалување на прекините во работата и зголемување на оперативната безбедност и сигурност на домашниот електроенергетски систем.

Хидроенергијата е наш најзначаен обновлив извор и природно богатство, а со оваа инвестиција се обезбедува постојните капацитети да работат подолго, посигурно и поефикасно.

 

Со почит,

Министерство за енергетика, рудратсво и минерални суровини

Мени за пристапност