Јавна расправа за Нацрт Националниот план за енергија и клима 2025–2030

Јавна расправа за Нацрт Националниот план за енергија и клима 2025–2030

Во хотел „Stone Bridge“, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на 15.12.2025 година ја одржа Јавната расправа по Нацрт Националниот план за енергија и клима 2025–2030 година.

Јавната расправа се одвиваше согласно Агендата за настанот, при што беше презентиран Нацрт Националниот план за енергија и клима 2025–2030 година и беа претставени димензиите: декарбонизација, енергетска ефикасност, енергетска сигурност, внатрешен пазар на енергија и истражување, иновации и конкурентност, со мерките за намалување на емисиите на стакленички гасови, енергетска ефикасност, мерките за сигурност во снабдување со енергија, мерки за внатрешен пазар на енергија, мерки за истражување, иновации и конкурентност.

Во дискусијата активно учество зедоа многу од учесниците, чии прашања и коментари беа нотирани од консултантите кои го изработија Нацрт Националниот план за енергија и клима 2025–2030 година.

Потсетуваме дека документот е објавен на 21.11.2025 година и е достапен за јавен увид, кој ќе трае до 21.12.2025 година, со што сите заинтересирани страни имаат можност да го прегледаат, анализираат и да достават свои мислења или забелешки на следниот е-мејл: julijana.pecalevska@energy.gov.mk .

 

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Мени за пристапност