Учество на седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024–2026

Учество на седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024–2026
На покана за учество на седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024–2026, беа презентирани активностите преземени од страна на работната група при Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во однос на напредокот и реализацијата на Заложбата 1.3 – Јавно објавување на склучените договори за концесии и за воспоставување јавно-приватно партнерство, во рамки на иницијативата Отворена влада.
 
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) е координатор на Заложбата 1.3 – Јавно објавување на склучените договори за концесии и за воспоставување јавно-приватно партнерство, како и учесник во Заложбата 1.2 – Јавно објавување на вистинските сопственици на фирмите што имаат склучено договори со државата, во рамки на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024–2026.
 
Во Министерството е формирана работна група со задача да го унапреди начинот на објавување на сите склучени договори за концесии, договори за детални геолошки истражувања и договори за јавно-приватно партнерство, согласно важечката законска регулатива.
Постигнат е значителен напредок преку надградба на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) од страна на Бирото за јавни набавки, со што се овозможи јавно објавување на склучените договори за јавно-приватно партнерство.
МЕРМС води Регистар на доделени договори за јавно-приватно партнерство и концесии, кој по измена на надлежностите и соодветната уредба е јавно објавен на веб-страницата на Министерството. Во регистарот се заведени 67 договори, а преку ЕСЈН досега се објавени 8 договори.
 
По одржани координациски состаноци, МЕРМС достави циркуларно писмо до сите општини, ЗЕЛС, Градот Скопје и надлежните органи, со укажување на законската обврска за објавување на договорите и доставување на податоци за регистарот.
И покрај тоа што законските решенија се во процедура, работната група континуирано работи на реализација на Заложбата 1.3.
 
 

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Мени за пристапност