Известување за технички служби

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Согласно член 8 став (3) алинеја 1 од Правилникот за изменување на Правилникот за единечно одобрување потврдата за исполнување на техничките барања која е дел од документацијата потребна во постапка на единечно одобрување на возило за кое типот не е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, ниту постои одобрение на типот во Република Македонија, а за кое се исполнети барањата согласно одредбите на Законот за возила и прописите донесени врз негова основа (член 2 став (1) од Правилникот за единечно одобрување на возило) ја издава:

 

-        производителот на возилото;

-        застапникот на производителот во РСМ или

-        независна институција прифатена од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. наведена во Договорот за донесување на униформни (еднообразни) технички прописи за возилата на тркала, опремата и деловите кои можат да се вградат и/или да се користат на возила на тркала, како и за условите за реципрочно признавање на одобрувањата издадени врз база на тие прописи (Спогодба од 1958).

 

 

                Во продолжение се дадени листите на независни институции прифатени од страна на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини:

 

-        Листа на независни институции во статусот на Договорот од 1958 година на Обединетите нации, а прифатени од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини:

                WP.29 - 1958 Agreement Status

 

-        Листа на независни институции-тековно овластени технички служби во секоја земја-членка на Европската унија:

                https://ec.europa.eu/docsroom/documents?tags=technical-service-auto&pageSize=30&sortCol=title&sortOrder=asc

Мени за пристапност