Инвестицијата во знаење е најсилната инвестиција за ефикасен енергетски сектор.
Со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) започнаа две специјализирани обуки – за Project Management и за Energy Trading – кои ја подигнуваат стручноста и капацитетите на нашите институции и компании.
Во просториите на Министерството се одвива обуката за Energy Trading, со 30 учесници, меѓу кои и вработени од Министерството. Тие стекнуваат практични знаења за современи методи на тргување со електрична енергија, управување со ризици и оптимизација на цени – клучни вештини за иднината на енергетскиот пазар.
На обуката за Project Management пак учествуваат 65 експерти од енергетскиот сектор. Оваа програма, подготвена од консултантската куќа КОЛЕНКО, носи меѓународни практики и знаења што ќе овозможат поефикасно реализирање на проектите и унапредување на корпоративното управување.
Со почит,
Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини