БОЖИНОВСКА ВО БРИСЕЛ: СО ЗАЕДНИЧКИ СИЛИ ДО СТРАТЕГИЈА ЗА ЧИСТА ЕНЕРГИЈА

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е членка на Управувачкиот комитет на Мрежата на жени лидери во јавниот сектор за климатски прашања (Women Public Sector Climate Leaders Network). Со ова членство, таа директно се вклучува во утврдувањето на стратешките насоки на Мрежата и во европскиот дијалог за климатските политики, чистата енергија и одржливите инвестиции.

Божиновска денеска во Брисел учествува на основачкиот собир на Мрежата, посветен на спроведувањето на климатските цели, забрзувањето на енергетската транзиција и поврзувањето на јавните политики со инвестициите и технолошкиот развој.

Управувачкиот комитет ги утврдува стратешките приоритети на Мрежата и придонесува во подготовката на високите политички дијалози. За Македонија, учеството на министерката претставува можност за размена на искуства и воспоставување контакти за идна соработка во развојот на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и модернизацијата на инфраструктурата.

На дневен ред се и климатската отпорност, заштитата на водните ресурси, циркуларната економија и примената на дигиталните технологии и вештачката интелигенција. Посебен акцент се става на соработката меѓу владите, европските институции, финансискиот сектор и бизнис-заедницата во реализацијата на климатските цели.

Мрежата е основана од Women Political Leaders (WPL) во партнерство со Мрежата на жени лидери за климата на Групацијата на Европската инвестициска банка, со цел да се зајакне придонесот на жените на раководни позиции во јавниот сектор во креирањето и спроведувањето на климатските политики.

 

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Мени за пристапност