ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ МИРOСЛАВ ЛАБУДОВИЌ УЧЕСТВУВАШЕ НА BALKAN SUMMIT 2026

ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ МИРOСЛАВ ЛАБУДОВИЌ УЧЕСТВУВАШЕ НА BALKAN SUMMIT 2026

Заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини, Мирослав Лабудовиќ, учествуваше како панелист на третата пленарна сесија „Energy and AI Data Centres“ на Balkan Summit 2026, што се одржа во Приштина.

На панелот, насловен „Powering the Future: Renewables, Interconnection and Sovereign AI Hyperscalers“, се дискутираше за енергетската транзиција, развојот на обновливите извори на енергија, регионалното поврзување на електроенергетските мрежи, складирањето електрична енергија и предизвиците што ги носи зголемената побарувачка од центрите за податоци и вештачката интелигенција.

Лабудовиќ ги претстави реформите, стратешките инвестиции и плановите на Северна Македонија за развој на посигурен, поодржлив и поконкурентен енергетски систем. Посебен акцент беше ставен на постепената транзиција од јаглен кон почисти енергетски решенија, инвестициите во обновливи извори, развојот на капацитети за складирање електрична енергија и можностите за поголема енергетска ефикасност.

Во дискусијата беше истакната и важноста на регионалната соработка, поврзувањето на енергетските системи и интеграцијата на пазарите како предуслови за поголема сигурност во снабдувањето, подобро искористување на обновливите извори и долгорочна енергетска стабилност.

„Енергетските предизвици не познаваат граници, а решенијата бараат заеднички пристап, поврзани пазари и меѓусебна доверба“, истакна Лабудовиќ, нагласувајќи дека регионалната соработка е клучна за создавање одржлива енергетска иднина.

Учеството на Balkan Summit 2026 претставува можност за размена на искуства и ставови со регионалните партнери и меѓународните институции за забрзување на енергетската транзиција, привлекување инвестиции и справување со новите предизвици што ги носи развојот на дигиталната инфраструктура и вештачката интелигенција.

 

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Мени за пристапност