МЕРМС учествуваше на тематски форум за користење на податоците за вистински сопственици, во организација на Центарот за граѓански комуникации

МЕРМС учествуваше на тематски форум за користење на податоците за вистински сопственици, во организација на Центарот за граѓански комуникации

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), како координатор на заложбата 1.3 – Јавно објавување на склучените договори за концесии и за воспоставување јавно-приватно партнерство, и учесник во заложбата 1.2 – Јавно објавување на вистинските сопственици на фирмите што имаат склучено договори со државата, во рамки на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024–2026, зеде учество на тематскиот форум „Користење на податоците за вистински сопственици за намалување на корупцијата“.

Претставник на Министерството и член на работната група, формирана за спроведување на овие заложби, активно учествуваше во дискусиите, при што беше истакната важноста од транспарентно и навремено објавување на податоците како клучен механизам за зголемување на отчетноста и спречување на корупцијата.

Во рамки на Министерството е формирана работна група составена од вработени од релевантни сектори, која има задача да го утврди и имплементира моделот за јавно објавување на склучените договори за концесии за експлоатација на минерални суровини, договорите за детални геолошки истражувања, како и договорите за воспоставување јавно-приватно партнерство.

Со оваа активност, Министерството ја потврдува својата заложба за унапредување на транспарентноста, отвореното управување и довербата на јавноста во институционалните процеси.

Мени за пристапност