СТУДЕНТИ ОД ФЕИТ ВО ПОСЕТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕНЕРГЕТИКА – ОД ПРАКСА ДО ПРВА РАБОТНA ПOЗИЦИЈА

СТУДЕНТИ ОД ФЕИТ ВО ПОСЕТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕНЕРГЕТИКА – ОД ПРАКСА ДО ПРВА РАБОТНA ПOЗИЦИЈА

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска ги пречека студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), кои го посетија Министерството во придружба на деканот и професорка од факултетот.

На средбата, министерката ја истакна важноста од поврзувањето на академската заедница со институциите и отворањето можности младите инженери своето знаење да го применат во практиката. Таа се осврна и на значењето на младите стручни кадри, иновациите и нивното активно учество во развојот на енергетскиот сектор.

Студентите се запознаа со надлежностите и приоритетите на Министерството, вклучително и енергетската сигурност, обновливите извори и енергетската ефикасност.

Посебен дел од посетата беше посветен на презентациите на млади вработени во Министерството, поранешни учесници на СКЕЕОР, кои ги споделија своите професионални искуства – од практикантскиот ангажман до вработувањето, работните задачи, меѓуинституционалната соработка и можностите за професионално усовршување.

Посетата е во насока на продлабочување на соработката меѓу Министерството и ФЕИТ и поттикнување на младите инженери да го развиваат својот потенцијал и професионалната кариера во домашните институции.

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Мени за пристапност