СООПШТЕНИЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ДЕКЕМВРИСКА ИСПИТНА СЕСИЈА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА РАКУВАЧ НА ЕНЕРГЕТСКИ УРЕДИ И ПОСТРОЈКИ

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги известува сите заинтересирани кандидати дека испитот за стекнување уверение за положен стручен испит за ракувач на енергетски уреди и постројки ќе се одржи во декемвриската испитна сесија. 

Согласно Законот за енергетика, пријавувањето за полагање на испитот се врши во месецот што претходи на месецот во кој се одржува испитната сесија. За декемвриската испитна сесија, кандидатите можат да поднесат пријава во периодот од 1 до 15 ноември.

Стручниот испит се состои од:

  • писмен дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатот;
  • устен дел (практична работа), со кој се проверува способноста на кандидатот за ракување со соодветните енергетски уреди и постројки за кои се пријавил. 

Кандидатите се должни при пријавувањето да достават уредна и комплетна документација со која се докажува исполнувањето на условите за полагање на испитот за соодветната категорија ракувач на енергетски уреди и постројки. 

Дополнителни информации за начинот на пријавување, потребната документација и термините за полагање ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството.

 

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Мени за пристапност