Огромен интерес и внимание за македонската делегација на глобалниот самит во Баку – Силјановска и Божиновска во центарот на глобалните дискусии

Огромен интерес и внимание за македонската делегација на глобалниот самит во Баку – Силјановска и Божиновска во центарот на глобалните дискусии

Огромен интерес за македонската делегација на XII Global Baku Forum – присуството на македонската делегација, официјалните и неформалните средби на претседателката Гордана Силјановска-Давкова и министерката Сања Божиновска со актуелни и поранешни светски лидери предизвикаа внимание од медиумите и меѓународните институции.

 

Претседателката и министерката учествуваат на престижниот меѓународен самит, каде што на истата маса со сегашни и поранешни државници, претставници на глобални институции и стратешки партнери разговараат за иднината на светскиот поредок.

 

Овој форум, под наслов ’Rethinking World Order: Turning Challenges into Opportunities‘, собира клучни лидери и експерти од различни сектори за да дискутираат за актуелните глобални предизвици и можности.

 

Учеството на овој форум е значајна прилика за Македонија да се позиционира како активен учесник во глобалните дискусии. Темите на дискусијата, од геополитика до енергетска безбедност и нови технологии.

 

„Имаме многу да понудиме и да научиме во контекст на енергетската соработка и иновациите. Заедно, ќе создадеме одговорни партнерства и ќе ја истакнеме улогата на средните сили во новиот мултиполарен свет“, истакна министерката Божиновска.

 

Во рамки на самитот, министерката Божиновска размени мислења со истакнати меѓународни лидери, вклучително и поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ, поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, како и Амир Досал, кој беше директор на Фондацијата за ОН.

 

Огромен интерес од страна на медиумите за македонската делегација, која ја предводи претседателката Силјановска-Давкова, е потврда за значењето на нашето учество на форумот. Разговорите со влијателни меѓународни актери отвораат нови можности за продлабочување на економските и енергетските врски на Македонија со светот.

 

XII Global Baku Forum е еден од најзначајните меѓународни настани, каде што се креираат глобални стратегии и партнерства. Фокусот на годинашниот форум е мултиполарниот свет, економските и геополитичките предизвици, како и иновативните решенија за иднината.

 

Македонија ја зацврстува својата позиција на глобалната сцена.

 

 

Со почит,

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

Мени за пристапност