Ново партнерство за сигурна енергетска иднина, потпишан Меморандум за соработка со Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола

Ново партнерство за сигурна енергетска иднина, потпишан Меморандум за соработка со Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот ,,Св.Климент Охридски“ во Битола, денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, проф. д-р Благој Ристевски.

Со Меморандумот за соработка се утврдува рамка за соработка меѓу Министерството и Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот ,,Св.Климент Охридски“ во Битола, со цел искористување на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности.

„Развојот на една држава се базира на партнерство и соработка, кои се предуслов за успешно и просперитетно општество. Нашата држава има потенцијал, визија и капацитет да прерасне во регионален лидер за успешна енергетска транзиција, темелејќи се на институционалното поврзување со високообразовните и научните установи“, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на потпишувањето на Меморандумот за соработка.

Заеднички е констатирано дека енергетиката мора да ги следи најновите текови, посебно во областа на информатичките и комуникациските технологии. Во тој контекст, посебен акцент на средбата беше ставен на сајбер безбедноста и дигитализацијата, како и употребата на вештачката интелигенција и нејзина примена за унапредување на работата на институциите.

Денешното склучување на Меморандумот е дел од стратегијата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за институционално вмрежување, насочено кон обезбедување на сигурен, стабилен и модерен енергетски систем, усогласен со европските стандарди.

 

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Мени за пристапност