Енергетскиот сектор бележи позитивни резултати во намалувањето на увозот на електрична енергија, благодарение на високиот степен на искористеност на домашните производствени капацитети. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во текот на месец мај 2026 година, дури 96,5% од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија била обезбедена од домашно производство.
Вкупната бруто-произведена електрична енергија во месец мај достигна 462.653 MWh, односно од термоцентралите вкупно е произведено 146 647MWh, од комбинирани централи и индустриски енергани 144 MWh, од хидроцентрали 138 015 MWh, од соларни електрични централи 143 419 MWh, од ветерни електрични електрани 31 435 MWh и од биогасни централи 2 993 MWh.
Покрај производството на струја, податоците покажуваат подобри резултати и кај останатите енергенти. Во мај 2026 година е забележан раст на потрошувачката на природен гас за 4,8% во споредба со мај 2025 година. Овој пораст примарно се должи на зголемениот интензитет на работа на топлинските постројки.
Вкупната потрошувачка по видови енергенти (мај 2026) за електрична енергија изнесува 479.603 MWh (од кои 462.653 MWh се домашно производство), за природен гас - 4,463 милиони нм³, за јаглен - 264.997 тони и за нафтените продукти - 78.468 тони.
Овие статистички показатели потврдуваат дека со стабилното домашно производство значително се минимизира потребата од надворешен увоз, што директно придонесува за поголема енергетска стабилност во земјата.
Со почит,
Министерство за енергетика, рудраство и минерални суровини