Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја зајакнува регионалната енергетска соработка на министерската средба во Баку

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја зајакнува регионалната енергетска соработка на министерската средба во Баку
На 3 март 2026 година, во Баку, Република Азербејџан, се одржа 12-та министерска средба на Советодавниот совет за Јужниот гасовод и 4-та министерска средба на Советодавниот совет за зелена енергија, со учество на претставници од 27 земји, 11 меѓународни финансиски институции и 49 енергетски компании, како и високи официјални лица од регионот.
 
На настанот присуствуваше Горан Николовски, раководител на Секторот за гас при Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, кој во своето обраќање пред министрите нагласи дека Северна Македонија ја зајакнува својата улога во регионалната енергетска соработка и континуирано придонесува кон стабилен, диверзифициран и одржлив енергетски систем во Европа.
Николовски истакна дека природниот гас останува клучен мост во транзицијата кон почиста енергетска мешавина, овозможувајќи замена на нискоквалитетни горива, намалување на аерозагадувањето и модернизација на индустријата. Во фокусот на земјата се два стратешки интерконектора:
  • Грција–Северна Македонија, со завршеток предвиден за 2027 година, кој ќе обезбеди директен пристап до Транс-Адријатскиот гасовод и регионалните LNG терминали, зајакнувајќи ја енергетската безбедност и намалувајќи ги ризиците за снабдување.
  • Северна Македонија–Србија, предвиден за 2028 година, кој ќе го зајакне гасното поврзување во Западен Балкан и ќе овозможи регионална интеграција и сигурност на снабдувањето.
Двата интерконектора се хидроген подготвени, со капацитет да транспортираат до 100% водород, создавајќи идниот хидрогенски коридор што ќе ја поврзе Грција, Северна Македонија и Србија со европската мрежа.
 
Тој посочи дека Северна Македонија располага со приближно 2 гигавати инсталиран капацитет од обновливи извори и дека балансирањето преку природен гас е особено значајно во ноќните часови и во периоди на намалено производство.
Во однос на соработката со Азербејџан, Николовски информираше дека веќе се формирани работни групи меѓу надлежните институции на двете земји, со цел дополнително продлабочување на партнерството во областа на гасот и енергетската инфраструктура. Тој потсети дека во декември 2024 година беше потпишан меморандум за соработка, а по завршување на клучните гасни проекти во земјата се планира потпишување нов документ кој ќе овозможи поширока и подолгорочна рамка на соработка.
„Постојат доволни резерви на природен гас, особено во југоисточна Европа. Оваа иницијатива претставува реална можност за диверзификација на снабдувањето со гас во Европа и за дополнително зајакнување на европската енергетска безбедност“, истакна Николовски.
Министерството останува посветенo на напредок во стратешката енергетска инфраструктура; Продлабочување на регионалната и меѓународната соработка; Обезбедување на сигурна и одржлива енергетска транзиција; Придонес кон диверзифициран, поврзан и отпорен европски енергетски систем.
На настанот беа презентирани резултатите и идните чекори на Советодавниот совет за Јужниот гасовод и Советодавниот совет за зелена енергија. Со активното учество на министерската средба во Баку, Северна Македонија испраќа јасна порака дека останува посветен и предвидлив партнер во градењето стабилен, диверзифициран и одржлив европски енергетски систем.
 

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Мени за пристапност