Министерски состанок за интеграција на пазарите на гас и електрична енергија  на регионалната иницијатива за енергетска поврзаност на Централна и Југоисточна Европа (CESEC)

Министерски состанок за интеграција на пазарите на гас и електрична енергија  на регионалната иницијатива за енергетска поврзаност на Централна и Југоисточна Европа (CESEC)

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини зема активно учество на Министерскиот состанок за интеграција на пазарите на гас и електрична енергија  на регионалната иницијатива за енергетска поврзаност на Централна и Југоисточна Европа (CESEC).

Министри и претставници од комисијата на ЕУ се собраа на 27-28 октомври во Букурешт на 10-годишниот министерски состанок на CESEC, со кој се одбележува десетгодишнината од регионалните напори за енергетска соработка.

Средбата ја потврди посветеноста на партнерите на CESEC за унапредување на овие заеднички цели преку континуирана соработка во рамките на ажурираните Акциски планови за гас, електрична енергија и обновлива енергија.

Македонија е  еден од потписниците на Меморандумот за разбирање на CESEC со неговиот Акциски план  во 2015 година, кога беа предложени два стратешки проекти за гасно поврзување со Грција и друг со Бугарија, при што гасниот интерконектор со Грција е веќе во фаза на изградба. 

Мени за пристапност