Согласно член 39 став (1) од Законот за енергетика („Службен весник на РСМ“ бр. 101/25 и 135/25), кој предвидува дека „Министерството спроведува проценка на ризиците кои можат да влијаат врз сигурноста на снабдувањето со гас во Република Северна Македонија. Проценката, по барање на Министерството, ја изготвува операторот на системот за пренос на гас, по претходна консултација со операторот на системот за дистрибуција на гас, снабдувачите и трговците со гас, потрошувачите на гас, производителите на електрична енергија, операторот на електропреносниот систем, како и со Регулаторната комисија за енергетика.”
Имајќи ја предвид досегашната соработка со ангажираните експерти од Европската комисија, во која свој придонес дадоа јавни и приватни институции инволвирани и засегнати во процесот на снабдување и користење на природен гас, изготвена е нацрт-верзија на Проценката на ризици за снабдување со гас.
По тој основ, ги покануваме сите засегнати страни да земат учество во јавна расправа, на која ќе можат да ги достават своите коментари и забелешки.
Јавната расправа ќе се одржи во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на 15.04.2026 година, во период од 14:00 до 15:30 часот.
Со почит,
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини