Известување за правните субјекти кои имаат склучено договор со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за искористување на потврди-ваучери за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини
Почитувани, 
 
Ве известуваме дека согласно Договорот склучен со МЕРМС, крајниот рок за доставување на фактурите и целокупната придружна документација е 30.10.2026 година.
 
Ве молиме фактурирањето да го извршите навремено и да обезбедите комплетна и уредна документација, со цел непречена обработка на доставените предмети и навремена реализација на постапката за исплата.
Фактурите доставени по наведениот рок, како и фактурите со некомплетна документација, нема да бидат предмет на понатамошна обработка до нивно комплетирање, односно ќе се постапува согласно одредбите од склучениот договор.
 
Исто така ве потсетуваме дека при доставување на фактурите за реализираните потврда-ваучери, задолжително е кон фактурата да биде приложена следната документација:
 
  • Записник за монтажа, потпишан од страна на монтерот и корисникот (добитник на потврда-ваучер);
  • Пополнет прашалник од корисникот;
  • Решение за доделување на финансиска поддршка;
  • Листа на искористени кодови/ваучери, заверена и потпишана од овластено лице на фирмата.

Список на правните субјекти кои имаат склучено договор со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за искористување на потврди-ваучери за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди: rezultati-i-spisoci-file-VBTe.pdf

За сите дополнителни прашања и појаснувања, можете да се обратите до МЕРМС преку воспоставените канали за комуникација.
 
 
Со почит,
 
Министертсво за енергетика, рударство и минерални суровини
 
 

Мени за пристапност