Известување во врска со електроцентрали кои се опфатени со Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2025 година

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини
Се известуваат инвеститорите на електроцентрали кои се опфатени со Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2025 година дека е објавен Правилникот за формата, содржината на барањето за издавање на овластување, потребната документација, рокот на важност на овластувањето според типот и комплексноста на поединечни објекти, формата и содржината на овластувањето, начинот на негово издавање, како и условите и начинот на доставување, враќање и наплата на банкарската гаранција или депозитот за обезбедување на изградба на електроенергетски објект.
 
Со Правилникот се пропишуваат формата и содржината на барањето за издавање на овластување за изградба на енергетски објекти, потребната документација која се доставува кон барањето, рокот на важност на овластувањето според типот и комплексноста на објектите, формата и содржината на овластувањето и начинот на негово издавање, како и условите и начинот на доставување, враќање и наплата на банкарската гаранција или депозитот.
 
Согласно одредбите од Правилникот, барањето за издавање на овластување се поднесува во писмена или електронска форма, на пропишан образец во А4 формат, заедно со потребната документација, која особено опфаќа:
 
  • одобрение за градење или решение за изведување на градба, односно поставување на опрема;
  • ревидиран основен проект и дополнителна електротехничка документација;
  • известување од Министерството дека изградбата на енергетскиот објект е дел од Годишниот план за изградба на енергетски објекти;
  • банкарска гаранција или депозит во корист на Министерството.
 
Барањето за издавање на овластување се доставува до архивата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини или по електронски пат на е-маил адресата: ovlastuvanje@energy.gov.mk.
 
Се задолжуваат инвеститорите кои се опфатени со Годишниот план за 2025 година, во рок од 8 дена, да достават барање за издавање на овластување, во согласност со член 2 и член 3 од Правилникот.
 
Потребната документација, како и образецот за поднесување на барањето за издавање на овластување, се составен дел на Правилникот кој е објавен во Службен весник на РСМ бр. 265 од 29.12.2025 година и достапен на следниот линк:
 
 

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

 
 

Мени за пристапност