ИЗВЕСТУВАЊЕ – ПОТСЕТУВАЊЕ

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Почитувани добитници на печатени потврди-ваучери и електронски кодови за ваучери за набавка и вградување на инвертер клима-уреди,

Ве известуваме дека крајниот рок за искористување на потврдите-ваучери и електронските кодови е 15.10.2026 година.

Ги повикуваме сите корисници кои се стекнале со ова право во рамки на Програмата за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година навремено да ги преземат потребните активности за реализација на своето право.

По истекот на рокот, односно по 15.10.2026 година, ваучерите нема да можат да се искористат.

Доколку постојат неправилности во документацијата или се потребни дополнителни информации во врска со постапката за реализација на правото, корисниците можат да се обратат на:

Е-пошта: ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk

Телефон: 071 320 384

Апелираме до сите добитници да не го чекаат истекот на рокот и навремено да го реализираат своето право, најдоцна до 15 октомври 2026 година.

 

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Мени за пристапност