Измена на локација за Јавна расправа по нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на нацрт Стратегија за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТА: ИЗМЕНА НА ЛОКАЦИЈА И ВРЕМЕ НА ЈАВНАТА РАСПРАВА

 

Поради големиот интерес за присуство на јавната расправа по нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на нацрт „Стратегија за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини на Република Северна Македонија 2025-2045“, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја менува локацијата на настанот за да обезбеди поголем простор за дискусија.

 

Јавната расправа ќе се одржи на 3 април 2025 година (четврток), со почеток во 13:30 часот, во амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.

 

Министерството ги повикува сите засегнати страни – институции, експерти, академската заедница, граѓанскиот сектор и бизнисот – активно да се вклучат во креирањето на стратегијата. Нашата цел е овој документ, изработен од реномирани научници и експерти, да ги следи највисоките стандарди и да обезбеди одржлив и ефикасен развој на земјата во следните две децении.

 

Сите останати детали за агендата и можноста за дискусија остануваат непроменети.

 

Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина и нацрт текстот на Стратегијата се достапни на веб-страницата на Министерството: www.ea.gov.mk.

 

Ви благодариме на големиот интерес и ве покануваме активно да учествувате во расправата.

Мени за пристапност