Интегрирани услуги за енергетски ефикасно реновирање домови – успешно одржан промотивниот настан за ЕУ проектот ОСС ХАБИТАТ

Интегрирани услуги за енергетски ефикасно реновирање домови – успешно одржан промотивниот настан за ЕУ проектот ОСС ХАБИТАТ

Успешно се одржа промотивниот настан за започнување на ЕУ проектот ОСС Хабитат. Овој проект претставува значаен чекор кон унапредување на енергетската ефикасност и одржливиот развој.

 

Настанот собра преставници од Владата, Европската Унија, експерти од областа на енергетиката и граѓанскиот сектор, кои ја истакнаа важноста на проектот за енергетската транзиција во земјата.

 

Во рамките на настанот се одржа и панел дискусија на која како панелист учествуваше заменикот министер Мирослав Лабудовиќ, кој го истакна значењето на проектот во контекст на националните стратегии за зголемување на енергетската ефикасност и намалување на емисиите на штетни гасови.

 

Клучни цели и придобивки од проектот се реновирање на повеќе од 200 станбени единици за зголемување на енергетската ефикасност, намалување на потрошувачката на енергијата за околу 40%, снижение на емисиите на СО2 за повеќе од 3,584 тони годишно и создавање на долгорочни партнерства за одржлив развој.

 

Присутните учесници имаа можност да се запознаат со иновативните решенија што ќе се применат во рамките на проектот, како и со чекорите што ќе следат во процесот на имплементација.

 

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го нагласува значењето на овој проект како дел од националните напори за подобрување на енергетската ефикасност и заштита на животната средина.

 

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Мени за пристапност