Министерството ја известува јавноста и сите засегнати странки дека, по 17.04.2026 година, потврдите - ваучери кои нема да бидат подигнати од одредени причини преку центрите за социјална работа, ќе можат да се подигнат директно во просториите на Министерството или, по барање на корисниците, да бидат доставени по пошта до лицата кои се евидентирани на официјалниот список.
Во меѓувреме, во тек е координација со центрите за социјална работа, кои имаат обврска да ги вратат до Министерството сите неподигнати ваучери и поврзаната документација. Овој процес е клучен за утврдување на точната состојба и за ажурирање на евиденцијата.
По приемот на документацијата, стручните служби ќе извршат детална проверка и усогласување на податоците, по што јавноста ќе биде дополнително информирана за натамошните активности.
Министерството останува посветено на унапредување на ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на услугите, со фокус на заштита на интересите на ранливите потрошувачи и притоа, ќе се води сметка за заштита на правата на корисниците и за избегнување на било какви неправилности.
Со почит
Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини