ДВА НОВИ ЗАКОНА НА ЈАВЕН УВИД - Министерството повикува на активно учество за најдобри законски решенија во геологијата и рударството

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е во завршна фаза на подготовка на два нови, современи и стратешки важни предлог-закони:

· Предлог-закон за геологија

· Предлог-закон за рударство

Со нив се заменува постоечкиот Закон за минерални суровини, а нивната подготовка претставува темелна, институционална и стручно заснована реформа, изработена од експерти од самото министерство.

Законот е целосно усогласен со европската регулатива. Предлог-законите се во согласност со најдобрите европски практики и ја транспонираат REGULATION (EU) 2024/1252 од 11.04.2024 година.

Од 28.07.2025 година, двата предлог-закона се достапни на ЕНЕР (Електронски национален регистар на прописи), каде ќе бидат до 28.08.2025 година, за јавен увид и разменување мислења, предлози и забелешки од сите засегнати страни.

Ги повикуваме сите чинители – експерти, општини, компании, граѓански организации и поединци – активно да се вклучат. Ова е можност за сите засегнати страни да влијаат врз креирањето на правила што ќе го уредат секторот на геологијата и рударството на долгорочно ниво. Целта е заеднички да се изгради најдобро можно законско решение кое ќе обезбеди:

1. Подобра заштита на животната средина

· Строги еколошки стандарди при истражувањето, експлоатацијата и преработката на минералните суровини

· Обврска за санација и рекултивација на терените по завршување на рударските активности.

· Можност за преработка и искористување на минералната суровина од старите одлагалишта.

2. Поддршка на локалните заедници

· Најголемиот дел од надоместоците за минерални суровини и приходите од рударството да остануваат во општините каде што се врши експлоатацијата.

· Обврски за компаниите да инвестираат во локалната инфраструктура и социјален развој.

· Вклучување на заедниците во процесите на одлучување.

3. Поголема контрола и транспарентност

· Ефикасна регулација на рударскиот секторот со овие законски решенија што ќе обезбеди подобра заштита на природните ресурси

· Јавноста ќе има поголем увид во процесот на доделување концесии.

· Посилен надзор од државни институции.

4. Поголема економска корист за државата

· Повисоки такси и рударски надоместоци.

· Прецизно дефинирани права и обврски на концесионерите.

· Поттикнување на домашни и одржливи инвестиции.

· Унапредување на економскиот потенцијал што го носи рударството.

5. Спречување на нелегалната експлоатација

· Борба против „диви рудници“ и незаконско ископување.

· Контрола на количината и квалитетот на ископаната минерална суровина

· Најстроги казни за прекршувања и злоупотреби.

 

 

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Мени за пристапност