Делегација од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини присуствуваше на регионалната конференција во рамките на регионалниот проект „Имплементирање на принципите на добро управување со проекти за јавно приватно партнерство “

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

 На 27 Мај 2025 година, се одржа регионална конференција во рамките на регионалниот проект„Имплементирање на принципите на добро управување со проекти за јавно приватно партнерство (GO PPP)“ за земјите од Западен Балкан поддржана од програмата СМАРТ Балкан-граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, а имплементиран од Институтот за територијален економски развој (InTER) од Србија, во партнерство со Институтот за претприемништво и економски развој (IPER) од Црна Гора, Албанскиот центар за економски истражувања (ACER) и Форум за разумни политики (ФРП) од Република Северна Македонија.Според агендата теми беа:

-клучни, регулаторни и институционални предизвици во имплементацијата на ЈПП

-стратегии за привлекување на инвесиции од приватниот сектор

-финансиски механизми и модел на поделба на ризикот

-обезбедување транспарентност, отчетност и управување

-студии на случај од регионот-научени лекции од ЈПП

-научени лекции за структуирање на проекти, управување со ризици и финансирање

-Формални чекори кон воспоставување на Регионална заедница за ЈПП.

 Во современите економии, јавно-приватните партнерства се ефикасен инструмент за развој на јавната инфраструктура и подобрување на квалитетот на јавните услуги. Во оваа смисла, воспоставувањето регистар на ЈПП во Република Македонија има значајно влијание врз промовирањето на транспарентноста, привлекувањето инвестиции и ефикасното управување со јавните проекти.

 Јасната законска рамка и јавната достапност на податоци ги охрабруваат домашните и странските инвеститори да се вклучат во проекти од јавен интерес. Би сакала да додадам овде дека во процес е нов закон за јавно-приватни партнерства, со кој ќе се воспостави единствен електронски систем, со модули потребни за да се обезбеди имплементација на целокупната постапка за доделување на договори поврзани со воспоставување на јавно приватно партнерство од објавувањето до склучувањето на договорот, што ќе генерира регистар, што ќе овозможи транспарентност, недискриминација и зајакнување на довербата.

 Иновација од особено значење е тоа што со воспоставување единствен електронски систем за ЈПП, јавноста, медиумите и граѓаните ќе можат да имаат целосен увид во проектите, од самиот почеток, прелиминарната студија за изводливост на проектот, студијата за изводливост, доделувањето на договорот за ЈПП, сите промени што може да се појават во текот на процесот, завршувањето на договорот и секое предвремено раскинување на договорот

 Можам да нагласам дека Република Македонија со новото законско решение е лидер во регионот во насока да се обезбеди развој на модели за јавно приватно партнерство (концесија/јавна набавка) и активирање на  досега неактивни средства или за изградба на големи објекти и објекти од јавен интерес, истовремено стимулирајќи ја конкуренцијата и постигнувајќи најповолна вредност за парите, а притоа исполнувајќи ја крајната цел на задоволни крајни корисници.

Мени за пристапност