Делегација на МЕРМС во Картагена на глобалниот форум за чиста енергетска транзиција

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Делегацијата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини учествува на значајниот глобален форум Boosting Country-Led Energy Transformations, кој се одржува во Картагена, Колумбија, и има за цел да промовира иновативни решенија за чиста и одржлива енергетска транзиција.

На панел дискусијата во рамки на форумот, Елена Ивановска, која ја претставува институцијата, истакна дека Македонија е посветена на праведна транзиција која нема да остави никој зад себе – работници, заедници и локални економии. Таа потенцираше дека владините стратегии и инвестициите, поддржани од меѓународни партнери како ЕБОР, IFC и Светска банка, обезбедуваат нови зелени работни места, модерни енергетски решенија и економска диверзификација на рударските региони.

Ивановска го нагласи значењето на социјалната вклученост, локалниот развој и поддршката за ранливи групи, вклучувајќи жени и млади, како клучни елементи на процесот на забрзана транзиција од јаглен. Таа исто така ја претстави активноста на делегацијата во дискусии за Clean Energy Learning Laboratory (CELL), платформа која овозможува размена на знаење и пристап до иновативни модели на финансирање.

На официјалното отворање на форумот, министерката Сања Божиновска испрати видео-обраќање во кое ја потенцира подготвеноста на Македонија да биде регионален лидер во праведната енергетска транзиција, нагласувајќи дека државата ги усвоила сите неопходни инвестициони и стратешки мерки за да обезбеди економски и социјално праведна промена без загуба на работни места.

Со учеството на оваа конференција, Македонија ја потврдува својата посветеност кон одржлива енергетска транзиција која го става човекот и заедницата во центарот на процесот.

 

 

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Мени за пристапност