БОЖИНОВСКА ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ И ПРИСУСТВУВАШЕ НА СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 23 ОКТОМВРИ

БОЖИНОВСКА ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ И ПРИСУСТВУВАШЕ НА СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 23 ОКТОМВРИ

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска положи свежо цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО во Жена парк во Скопје и присуствуваше на свечената академија во Македонскиот народен театар, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Со положувањето цвеќе беше оддадена почит на историското наследство и на генерациите кои се бореле за слобода, самостојност и создавање независна македонска држава.

„23 Октомври е потсетник на храброста, визијата и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за слобода и самостојност. Нивното историско наследство носи обврска и денес да градиме држава со јасна визија за иднината, институции што работат во интерес на граѓаните и општество во кое ќе се вреднуваат знаењето, одговорноста и посветеноста“, истакна министерката Божиновска.

Одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба претставува можност за потсетување на историските темели на македонската државност и за почит кон сите кои придонеле за остварување на идеалот за независна македонска држава.

 

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Мени за пристапност