БОЖИНОВСКА НА ЗАВРШНИОТ МИНИСТЕРСКИ СОСТАНОК НА P-TEC ВО ВАРШАВА

БОЖИНОВСКА НА ЗАВРШНИОТ МИНИСТЕРСКИ СОСТАНОК НА P-TEC ВО ВАРШАВА

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше во завршниот министерски дел од Седмиот министерски состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), кој се одржува во Варшава, Полска.

Во рамки на денешната програма беше реализирана заедничка фотографија на министрите за енергетика од земјите учеснички, американскиот секретар за енергетика Крис Рајт и претставниците на меѓународните институции, по што следуваше затворениот министерски состанок.

Затворениот состанок беше посветен на размената на мислења за енергетските приоритети и можностите за понатамошно продлабочување на трансатлантската соработка меѓу САД и европските партнери.

Со учеството на овој министерски форум, Северна Македонија продолжува да ги развива партнерствата со САД и европските земји, со фокус на енергетската безбедност, диверзификацијата на снабдувањето и регионалната поврзаност.

P-TEC ги обединува владините претставници, меѓународните институции и енергетскиот сектор од Европа и САД со цел унапредување на соработката и зајакнување на сигурноста на енергетското снабдување.

 

Со почит,

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Мени за пристапност