82 години слободно Скопје!
На овој ден, со особена почит и благодарност се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и историската борба на сите кои го положија својот живот за слободата на Скопје.
13 Ноември е датум што трајно го одбележува нашиот историски и национален идентитет. Тоа е ден кога се потсетуваме дека слободата не е само изборена вредност, туку и одговорност што ја носиме кон генерациите пред нас и оние што доаѓаат по нас.
Скопје е град со богато историско наследство, град кој низ својата историја покажал сила, истрајност и способност повторно да се издигне. Неговата приказна е приказна за луѓето, за солидарноста, за заедништвото и за вербата во подобра иднина.
Наш долг е да го чуваме споменот на оние кои се бореа за слободно Скопје, но и со посветена работа, визија и одговорност да придонесуваме за неговиот развој, напредок и подобра иднина.
Со почит кон минатото, гордост за сегашноста и одговорност за иднината – честит 13 Ноември!
Со почит,
Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини