МЕРМС ги известува сите добитници на потврда-ваучер за набавка и вградување на инвертер клима уреди од двете категории во рамки на Програмата за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година да ги следат следните чекори за успешно искористување на стекнатото право:
Чекор 1: Проверете ја вашата е-пошта
Доколку сте на објавената листа на добитници, проверете ја е-mail адресата што е наведена во вашиот кориснички профил. На истата ќе ги добиете следните документи:
· Решение за стекнато право на потврда-ваучер;
· Записник/прашалник кој треба да се пополни по извршената монтажа на инвертер клима уредот;
· Баркод или QR-код за идентификација на потврда-ваучерот.
Чекор 2: Испечатете ги документите
По приемот на документите на вашата е-пошта, задолжително испечатете ги:
· Решението за стекнато право;
· Записникот/прашалникот.
Исто така, потребно е да го имате достапен баркодот или QR-кодот што ќе ви биде доставен во електронската порака.
Чекор 3: Изберете правно лице
Со испечатените документи и баркодот/QR-кодот посетете едно од избраните правни лица кои имаат склучено договор со МЕРМС за реализација на мерката.
Список на правни лица со кои МЕРМС склуило договор за реализација на мерката: https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/rezultati-i-spisoci-file-VBTe.pdf
Чекор 4: Извршување на набавка и монтажа
Избраното правно лице ќе ја спроведе постапката за набавка и монтажа на инвертер клима уредот согласно условите од Програмата.
Чекор 5: Пополнување на записникот/прашалникот
По завршување на монтажата, потребно е да се пополни доставениот записник/прашалник согласно дадените насоки.
Важно
Краен рок за искористување на потврда-ваучерите е 15 октомври 2026 година.
Ги повикуваме сите добитници навремено да ги преземат потребните активности за реализација на стекнатото право, имајќи предвид дека по истекот на рокот потврда-ваучерите нема да можат да се користат.
Во случај на недоставен документ, доставен погрешен документ или која било друга неправилност во доставената документација, добитниците на потврда-ваучерот се должни да се обратат на наведените контакт телефонски броеви или на е-поштата за дополнителни информации и постапување.
ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk
Тел. број 071 320 384